Бразилскиот фудбалски клуб Палмеирас со два порази си заминува од Светскоото клубско првенство во Доха, пткако Ал Ахли го освои бронзениот медал и победи на пенали.
Мечот во регуларниот дел заврши без голови. Во првото полувреме повеќе напаѓаше Палмеирас, но најсериозната шанса ја имаше Ал Ахли.
Вториот дел помина во подосаден меч. Немаше голови ни во тие 45 минути, па мечот го решаваа пеналите.
Дури тројца фудбалери на Палмеирас промашија пенал, а последниот не го реализираше капитенот, Фелипе Мело. Ал Ахли не погоди два пенали, но трите дадени беа доволни за славје.