понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Легендарниот новинар на НБЦ, Том Брокау обвинет за сексуално злоставување

Легендарниот новинар на НБЦ, Том Брокау обвинет за сексуално злоставување

Прочуениот новинар на американската телевизиска куќа Ен-Би-Си Том Брокау е најновото лице од јавниот живот во САД кој е обвинет за сексуално малтретирање на подредени колешки.

Новинарката Линда Вестер, која за Ен-Би-Си известувала од фронтовите во Африка и Блискиот Исток, во интервју за „Варајети“, тврди дека Брокау повеќе пати недолично ја допирал и двапати се обидел физички да ја присили на бакнеж, а непоканет се појавувал и во нејзината хотелска соба.

Брокау е во брак веќе 56 години и досега не бил обвинет за сексуално злоставување.

– Се сретнав двапати со Линда Вестер, на нејзино барање. Тоа беше пред 23 години, и таа сакаше совети во врска со нејзината кариера во Ен-Би-Си. Состаноците беа куси и на пристојно ниво, и тоа што таа сега го тврди, никогаш не се случило, изјави Брокау, кој е сметан за еден од најзначајните водители на вечерни вести во САД во 1980ите и 1990ите години. (МИА)