понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Дванаесет телохранители трчаа по лимузината на Ким Џонг- ун

ВИДЕО: Дванаесет телохранители трчаа по лимузината на Ким Џонг- ун

Ким Џонг- Ун стана првиот севернокорејски лидер лидер кој зачекори во Јужна Кореја откако полуостровот е поделен со војната од 1953 година.

Би-Би-Си пишува дека „во моментот полн симболика“ лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким и Мун Џае- Ин се ракувале на границата.

Освен тоа, тие истакнуваат дека во текот на нивната средба се случил момент кога „цела Северна Кореја се заледила“- двајцата корејски лидери се ракуваа и тоа на двете страни од границата, во демилитизираната зона која ги дели овие две земји.

Публиката потоа гледаше со изненадување гледаше како Ким Џонг-Ун го повикува јужнокорејскиот лидер на момент да влезе во Северна Кореја, што тој и го направи, после што заедно се вратија во Јужна Кореја, а цело време држејќи се за рака.

Би-Би-Си истакнува дека тоа очигледно бил момент кој не бил предвиден во инаку детално испланираната средба.

-Историјата почнува сега, кажа лидерот на Јужна Кореја, додека Ким се пошегува велејќи „се надевам ќе уживате во нудлите кои ви ги донесовме“.

Инаку, пред само неколку месеци односите помеѓу овие две држави бела многу полоши, а сега тие би можеле да дискутираат за мировен договор и нуклеарно вооружување.