сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 10 пациенти, а вкупно се лекуваaт 243 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 243 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Најнови вести