недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати паровите во ракометниот куп на Македонија

Познати паровите во ракометниот куп на Македонија

Денес беше извршена ждрепката за прво коло од ракометниот куп во Македонија, каде свое учество оваа сезона ќе имаат 32 екипи во машка конкуренција и 13 во женска конкуренција.

Почетокот на турнирот ќе биде во вид на елиминациска фаза, а по првите мечеви ќе бидат формирани четири групи со по четири екипи.

Минатата година овој турнир не се оддржа поради ситуацијата со Ковид19, така да бранител на трофејот останува тимот на Металург во 2019 година.

Мечевите кај мажите се играат на 24 и 25 февруари, додека кај дамите на 6 и 7 март.

Во машка конкуренција се следните парови :

Прилеп – Аеродром
Делчево – Охрид
Пролет – Борец
Кичево – Бутел Скопје
Преспа – Струга
Риниа М – Работнички
Металург РА – Радовиш
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
Еурофарм Пелистер 2 – Јехона
Јуниор КВ – Драчево
Младост Богданци – Скопје
Куманово – Металург
Вардар – Текстилец
Астраион – Македонија ЃП
Шампион – Тиквеш
Партизан Гевгелија – Голден Арт КЛ7

Во женска конкуренција, поради непарен број на учесници, во една група има четири екипи, додека во три групи, играат по три екипи.

Во група А
Шампион – Металург
Спартак – Кузман Вардар Илинден

Во група Б
Чаир – Деспина
Ѓорче Петров оди дииректно во финале

Во група Ц
Овче Поле СУ – Стружанка
Вардар оди директно во финале

Во група Д
Гевгелија – Куманово
Пелистер оди директно во финале