Фудбалскиот стратег Благоја Милевски останува на чело на младата репрезентација на Македонија.
По завршувањето на неговиот договор овој месец со ФФМ, двете страни се договориле за продолжување на соработката која треба наредните денови да биде официјализирана од страна на фудбалската федерација.
Наредните квалификации младата селекција ја очекуваат во септември каде Македонија е во група со Франција, Србија, Украина, Ерменија и Фарските острови.Фу