среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мејсон Гринвуд потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Мејсон Гринвуд потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, потпиша нов договор со клубот.

Новиот договор на 19-годишникот важи до 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.

Гринвуд е „дете“ на Академијата на Јунајтед. Англичанецот одигра 82 натпревари за клубот, постигнувајќи 21 гол.

Манчестер јунајтед оваа сезона се бори за највисок пласман во Премиер лигата. Во моментов е на 2. место со 46 бода од 24 натпревари. (МИА)