петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заразата со британскиот сој расте, Филипче спие- треба да се загрозат животи за да реагира

Заразата со британскиот сој расте, Филипче спие- треба да се загрозат животи за да реагира

Присуство на нови мутации на коронавирусот детектираше МАНУ за последниот период, кои не биле присутни во Македонија, што укажува дека се увезени од странство, но надлежните се уште се без посериозна акција.

Иако самиот министер за здравство, Венко Филипче потврди дека околу 20% од новите случаи на корона вирус припаѓаат на британската мутација, сепак вели дека засега нема нови мерки, нема никакви промени, а ќе има само ако има нов бран.

– Ја следиме состојбата во Скопје и другите градови ги следиме како посебни епидемиолошки региони, застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20 отсто, најмногу во Прилеп и Охрид. Во тие центри не приметуваме зголемување на бројот на пациенти. Точно е и тоа е утврдено дека полесно се пренесува, според некои публикации можно е болеста да е полесна, според некои други публикации е потешка, тоа не може сè уште со точност да го утврдиме, изјави Филипче во интервју за Сител Телевизија.

Но, тоа што Филипче не може или не сака да го утврди, го утврдија британските научници. „Бизнис инсајдер“ пред два дена објави дека научници кои ја советуваат британската Влада во однос на пандемијата велат дека британската мутација е посмртоносна од оригиналната.

Изминатата недела во Македонија детектиран е пораст од 5,3% на новите позитивни случаи на корона вирусот и бројка од вкупно 2.232 лица за таа недела. Што значи ако се водиме по зборовите на министерот Венко Филипче, тогаш 446 лица би требало да се заразени со британската мутација. Сепак и покрај оваа голема бројка надлежните не гледаат простор за паника.

За разлика од македонските власти во Европа е поинаку. Најголемата европска економија, Германија која има еден од најдобрите здравствени системи во светот многу посериозно му пристапува на прашањето во врска со новите мутации вклучително и британската.

Вчера медиумите објавија дека заради еден случај со оваа мутација во германскиот град Хам, околу 100 полицајци во карантин чуваат 4 згради, бидејќи Германците сметаат дека британскиот вид на вирусот се смета за исклучително заразен.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан соопшти дека дури 22 проценти од новите инфекции се од овој вид, што значи дека отприлика процентот е ист како во Македонија, но за разлика од нас, тие воведуваат мерки за да спречат негово натамошно ширење.

Така строгите мерки на затворање се на сила во Германија од почетокот на ноември и се продолжени до 7 март, а исто така од границата со Чешка и со Австрија врати назад 5.000 луѓе токму заради опасноста од оваа мутација. Воедно Германија заради превенција размислува на затворање на границата и со Фрнација, а се се прави со цел за што е можно повеќе да се спречи ширењето на вирусот, да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе во меѓувреме и во рок од 6 месеци да се отвори економијата како пред пандемијата.

Во Македонија власта не размислува така. Превенцијата за нив е непозната работа. Како што нели рече Филипче ако има бран ќе има мерки. Неверојатно треба да се загрозат животи па потоа да се реагира. А како ќе се справиме ако има бран со оваа ситна бројка на вакцини, тоа само никој не знае. За разлика од Филипче и македонската влада, во сериозни држави властите реагираат навреме и спасуваат животи.

Најнови вести