Новиот селектор на машката ракометната репрезентација и најдобриот наш ракометар во историјата, Кирил Лазаров зборуваше за официјалната страна на Светската ракометна федерација (ИХФ) околу новиот предизвик во кариерата.
Тој во интервјуа за веб-порталот на ИХФ вели дека да се биде добар тренер.
„Да се биде тренер е многу тешко, треба да мислите за целиот тим и да ги пронајдете најдобрите начини за победа. Кога сте играч, се концентрирате само на она што треба да го направите конкретно на теренот, за да бидете најдобриот играч. Секогаш имам високи амбиции. Тоа е првиот услов да се успее. Имав одлична кариера како играч, но тоа не значи дека немав проблеми. Ќе биде исто како тренер. Затоа успеваат само најпосветените и најиздржливите“, изјави Лазаров.
Кире Лазаров прво потпиша договор на една година додека не ја добие мастерс-коуч дипломата, а потоа тој ќе добие четиригодишен мандат како селектор на нашиот национален тим.