Вечерва фудбалските работници од Струмица го имаа својот собир. Собранието се одржа и покрај големите најави дека истото ќе биде бојкотирано.
ОФС Струмица одлучи да не даде делегати за Собранието на ФФМ, да нема свој кандидат за член на УО на ФФМ и да не даде поддршка за ниту еден кандидат за функцијата претседател на ФФМ.
Сето ова доаѓа по предлог на Југослав Тренчовски од Академија Пандев кој го дал овој предлог и истиот бил прифатен од мнозинството делегати.
Собрание кое работеше според статутот во првите десетина точки од дневниот ред а потоа некои работи не биле според законот за спорт.
Малку е нејасно со оглед на тоа дека постоеја најави за мегдан со ФФМ на претстојното Собрание а ваквиот потег може да се оцени како немање на храброст да се изгласа уште еден претседателски кандидат покрај Муамед Сејдини од ОФС Кичево.
Исто така и немањето на делегати на Собранието на ФФМ е чин кој е чуден затоа што токму делегатите треба јавно на говорницата од Собранието да ги потенцираат проблемите во мак-фудбалот и истите да ги чујат и гостите од УЕФА и ФИФА.
Со оглед на ова вреди да се напомни дека Собранието во Струмица е регуларно, Ѓорѓи Гоцевски останува претседател , но неговиот град се откажа од делегати и битка за место во УО и од можноста да предложи нов кандидат за претседател на ФФМ.
Струмица заедно со Кочани се единствените ОФС од вкупно 26. кои нема да дадат делегати на претстојното Собрание. Да подсетиме Изборното Собрание на ФФМ ќе се одржи на 14. март во Скопје.