петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Вардар од понеделник ќе тренира на терените на ФФМ

ФК Вардар од понеделник ќе тренира на терените на ФФМ

Фудбалскиот клуб Вардар од понеделник, ќе тренира на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.

Експедицијата на Вардар ги завршува мини – подготовките во Охрид и се враќа во Скопје. Утре последниот тренинг пред дербито со Пелистер, кое се игра во недела на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 14 часот, ќе се одработи на теренот во Марино, со цел играчите да осетат тревнат терен со оглед на тоа дека тренинзите во Охрид, но и претходно во Скопје, беа одржувани на терени со вештачка трева.

foto: ekipa.mk