вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Алушовски: Она што го покажавме во последните пет минути е за респект,тоа е нашиот победнички карактер

Алушовски: Она што го покажавме во последните пет минути е за респект,тоа е нашиот победнички карактер

Тренерот РК Вардар Стевче Алушовски им честита на своите ракометари за борбата и потенцира дека карактерот на Вардар е она во последните пет минути .

„Најпрво, би сакал да му честитам на Елверум. Моите момци дојдоа до втора победа во ЛШ. Мислам дека бевме поприсебни во клучните моменти, можеби и малку поискусни од ракометарите на Елверум во вакви моменти и можеби и малку посреќни. Отворивме многу лошо, ако не се лажам со 11 промашени чисти шутеви во првото полувреме, нивниот голман беше расположен и на паузата имавме минус три. Го одигравме второто полувреме до последниот атом и честитки за сите играчи. Она што го покажавме во последните пет минути е за респект. Тоа е нашиот победнички карактер“, изјави Алушовски.

Вардар според распоредот во следното коло треба да биде домаќин на Мешков Брест (4 март).