недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роденденски подарок од Баерн Минхен за 18-годишниот Мусала, еве што добива

Роденденски подарок од Баерн Минхен за 18-годишниот Мусала, еве што добива

Склучување нов договор со важност до 2026 година и годишна плата од пет милиони евра, му предложи денеска европскиот првак Баерн Минхен на својот млад играч за врска Џамал Мусала, по повод неговиот 18-ти роденден, објави весникот „Билд“.

Мусала во вторникот стана најмлад стрелец на Баерн во Лигата на шампиони, постигнувајќи гол во триумфот на „баварците‘ од 4:1 над Лацио во Рим, во првиот натпревар од осминафиналето во елитното клупско натпреварување.

Ден подоцна, Мусала обзнани дека репрезентативната кариера ќе ја гради во дресот на Германија, одбирајќи ја својата родна земја пред Англија, каде ја започна фудбалската кариера како член на Челзи.

Сезонава Мусала има одиграно 25 натпревари и постигна четири голови, во дресот на актуелниот европски и светски првак во сите натпеварувања. (МИА)