Видеото од Аргентина, на кое се гледа како толпа комарци формирале „торнадо“, стана вирално на социјалните мрежи, додека граѓаните беа во паника.
На снимката се слуша шокиран мотоциклист, кој вели: „Ова станува сè поголемо, никогаш не сум видел вакво нешто“. Оваа пијавица е причина за наезда од комарци кои во последно време го „тероризираат“ регионот на Буенос Аирес во Аргентина.
Хуан Хозе Гарсија, истражувач во Центарот за паразитолошки и векторски студии (ЦЕПАВЕ), изјави за локалните медиуми дека обилните дождови предизвикале поплавување и се формирале големи бари на стоечка вода во кои женките комарци положуваат јајца.
Тој додаде дека ова често резултира со огромен број инсекти „кои напаѓаат градови“.