сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дарко Велковски се повреди ,тежината на повредата сеуште непозната

Дарко Велковски се повреди ,тежината на повредата сеуште непозната

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски по 14 натпревари во низа во кој се најде во составот на хрватска Рјека,предвреме го напушти дуелот против Хајдук поради повреда.

Хрватските медиуми пишуваат дека Велковски се повредил и дека поради тоа бил заменет на стартот на вториот дел и на негово место во игра влезе Галешиќ.

Тежината на повредата не е позната и за каков вид на повреда се работи и допрва ќе се утврдува. Ова е лоша вест за селекторот Игор Ангеловски, пред стартот на квалификациските натпревари за пласман на СП кои започнуваат во месец март.