Македонскиот фудбалски шампион Вардар денес гостува во Тетово кај лидерот Шкендија. Покрај сите проблеми и лоша актуелна ситуација поради заминување на играчите, тренерот Никола Илиевски – Џиџи изјави дека тимот нема предвреме да се предаде и на овој меч.
Популарниот Џиџи изјави дека Шкендија е најквалитетната екипа во домашното првенство во моментов, ама Вардар ќе се бори за позитивен резултат.
„Гостуваме кај лидерот на табелата е во еден незгоден момент, Шкендија е најквалитетен тим во македонскиот фудбал во моментов. Познати се причините кај нас зошто сме во лоша ситуација, ни заминаа многу првотимски играчи, а имавме и малку тренинзи, па така влегуваме во овој дуел. Секако дека Шкендија е фаворит, меѓутоа Вардар нема да крене бело знаме предвреме и ќе се обидеме да направиме позитивен резултат за нас“, ни изјави Илиевски.
.