среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Приведен е претседателот на Фудбалски сојуз на Србија

Приведен е претседателот на Фудбалски сојуз на Србија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Слваиша Кокеза утрово е приведен од полицијата на информативен разговор поради претпоставка дека бил вмешан во криминалните активности на Веља Невоља.

Изминатиот период во фокусот на српската јавност е полициската акција во која е уаспен Веља Невоља и неговата криминална група која меѓудругото се терети и за низа свирепи убиства и киднапирања.
Српската полиција го привела и претседателот на ФСС, Славиша Кокеза по пријава од белградскиот угостител Александар Кајмаковиќ кој истакнал дека Кокеза имал средби со Веља Неволја.
Кокеза од 2016 година е претседател на ФСС, претходно беше член на УО на Црвена Звезда.