вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Илија Несторовски: Дадов важен гол и многу сум среќен

Илија Несторовски: Дадов важен гол и многу сум среќен

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски постигна гол на мечот со Фиорентина , а голот беше многу важен, бидејќи со него му донесе минимална победа на тимот на Удинезе.

Тренерот Лука Готи, со пофални зборови за својот играч по завршување на средбата.

„Несторовски тренира со ентузијазам како на некој јуниор, а не 30-годишен играч. Голем професионалец е, секогаш дава 100 проценти, го заслужи овој гол“  рече Готи.

Македонецот после мечот со Виолетовите, рече дека денешниот гол многу му значи.

„Тренерот одлучува дали ќе бидам стартер или резерва, јас секогаш сум подготвен да помогнам. Секогаш тренирам максимално, а тренерот одлучува колку треба да играм. Ова е многу важна победа за нас, гледаме напред, веќе не гледаме кон дното на табелата. За мене лично, головите се многу важни. Ми се допаѓа кога сум вклучен во победите и кога му помагам на тимот. Дадов важен гол и многу сум среќен“ – изјави Несторовски.