СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Е.(33) од с. Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.
На 30.09.2020, полициски службеници го забележале пријавениот како се движи во село Палчиште, со што постапил спротивно на издадено решение за задолжителна самоизолација во период од 24.09.2020 до 07.10.2020 година.