Шпанската полиција во текот на денешниот ден упадна во просториите на Барселона поради истрагата која е во процес околу аферата „Барсагејт“.
Поради ова е приведен поранешниот претседател на Барселона Жозеп Марија Бартомеу, потоа директорот Оскар Грау, челникот на правната служба Роман Гомез Понти и претседателскиот советник Жауме Масферер.
Барселона после сето ова конечно се огласи со соопштение на официјалната страница на клубот.
„Кога станува збор за влегувањето и истрагата на каталонската полиција ова утро на „Камп Ноу“, по налог на 13. Суд во Барселона, кој е надлежен да не контактира и да ја следи работата на социјалните мрежи, Барселона понуди целосна соработка до надлежните и полициски органи со цел да се утврдат јасните факти во истрагата . Барселона изразува максимална почит во оваа постапка и се однесува по принципот на претпоставена невиност на луѓето кои се означени во истрагата“, беше наведено во соопштението од клубот.