сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четворица македонски државјани и две странски државјанки прикажале лажни ПЦР тестови – поднесено обвинение

Четворица македонски државјани и две странски државјанки прикажале лажни ПЦР тестови – поднесено обвинение

Четворица македонски државјани и по една државјанка на Швајцарија и Велика Британија покажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за Ковид вирусот на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шесте лица за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство на Република Македонија информираат дека при излез од државава, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

Потврдите, како што стои во соопштението, како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.