Шпанскиот репрезентативен голман Давид де Геа најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед.
Медиумите на Островот објавија дека за него е сзаинтересиран менаџерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.
Челниците на Јунајтед немаат против да се ослободат од својот голман и да му дадат поголема шанса на Дин Хендерсон, но проблемот е во тоа што за Шпанецот можат максимум да добијат околу 20 милиони евра.