сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаказет пред трансфер во Барселона или Јувентус

Лаказет пред трансфер во Барселона или Јувентус

Напаѓачот на премиерлигашот Арсенал, Александар Лаказет, ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот прволигаш Барселона или актуелниот италијански првак Јувентус, објави весникот „Калчомеркато“.

Клубот од Лондон сака да потпише нов договор со Лаказет, но, како што пишува италијанскиот весник, францускиот репрезентативец веќе донел одлука да бара нов предизвик на клупски план.

Интерес за напаѓачот има и од Атлетико Мадрид, но во овој момент Барселона и Јувентус се главните кандидати за потпис со Французинот, тврди „Калчомеркато“.

Лаказет досега сезонава одигра 23 натпревари во дресот на Арсенал со ефект од девет голови.