Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб. Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад.
Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата.
Заев знае дека тоне. Тој ја донесе Македонија до скоро 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6200 затворени фирми. Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине.
Влада со криминалци ВМРО – ДПМНЕ нема да прави, истакнуваат од партијата.