сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Наместо за набавка на вакцини мислеле на криминал, Кина го одбила Заев бидејќи оделе преку фантом – фирма

Стоилковски: Наместо за набавка на вакцини мислеле на криминал, Кина го одбила Заев бидејќи оделе преку фантом – фирма

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со информациите објавени во италијанскиот весник „Ла Верита“ за набавка на вакцини, истакна дека наместо за набавка на вакцини, власта мислела на криминал.

–Точно се наведува во „Ла Верита“ што е проблемот, зошто е вратен авансот за вакцини од Кина. За набавка на вакцините од Кина, била избрана фантом – фирма од Хонг Конг, таа фирма била наведена и во писмата испратени од Венко Филипче. Затоа Кина го враќа авансот, затоа Македонија и денеска нема вакцини! Ова е уште еден голем меѓународен скандал, ова е уште едно меѓународно тонење на Македонија во криминал и висока корупција! Луѓе умираат секојдневно, тие избрале фантом фирма посредник за набавка на вакцини од Кина! Наместо на вакцини, се мисли на профит преку фантом фирми! Само еден збор го опишува ова – НЕЧОВЕЧНОСТ, нагласи Стоилковски.

Најнови вести