среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем подобар од Динамо Загреб, повреда на Адеми

Тотенхем подобар од Динамо Загреб, повреда на Адеми

Лондонски Тотенхем со 2:0 го победи Динамо Загреб во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Европа.

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн погоди по еднаш во двете полувремиња.

Во стартниот тим на Динамо беа двајцата македонски репрезентативци, Аријан Адеми со капитенската лента, а Стефан Ристовски во дефанзивниот ред.

И Адеми и Ристовски добија жолт картон во второто полувреме, а Адеми се повреди во последните моменти од мечот и мораше да излезе од игра во 90 минута.

Во останатите мечеви кои се играа од 21 часот: Рома – Шахтар 3:0, Гранада – Молде 2:0 и Олимпијакос – Арсенал 1:3.