среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Еве во кои градови во Македонија се почитува полицискиот час- санкционирано е само едно лице

Еве во кои градови во Македонија се почитува полицискиот час- санкционирано е само едно лице

Полицискиот час се почитува во Велес, Неготино и Кавадарци, санкционирано е само едно лице.

Дежурни екипи на терен на СВР Велес во изминатите две ноќи од 22 до 5 часот наутро не регистрирале прекршувања за време на полицискиот час, кој беше воведен оваа среда.

За непочитување на забраната за движење евидентирано е едно лице во Кавадарци, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Против ова лице кое се движело без дозвола за време на полицискиот час, ќе следуваат соодветни мерки, најави Додевски.