Претседателот на Демократскиот сојуз и коалициски партнер на СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, рече дека на локалните избори ќе настапува сам без коалицирање од ниту една политичка партија.
-Ние сега се подготвуваме за самостоен настап на локалните избори бидејќи системот е поинаков таму, кандидати за градоначалници, советнички листи. Тука не мора да коалицирате ќе го видите капацитетот, ќе ја видите поддршката на граѓаните, нагласи Трајанов.