Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Томовски и Едуардо Гурбиндо ќе бидат нови ракометари на македонскиот шампион Вардар, пренесува Спорт 1.мк
Гурбиндо во понеделник треба да пристигне на лекарски прегледи, а треба да претставува замена за Марко Вујин кој неодамна ги напушти „црвено-црните“.
Гурбиндо настапува на позицијата десен бек и пристигнува од екипата на Нант каде е соиграч со капитенот и селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.
Марин Томовски според информациите потпишал двегодишен договор и во СЦ „Јане Сандански“ ќе пристигне по завршување на оваа сезона.