понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Вардар гостува на Шкупи, Шкендија го пречекува Пелистер

ПМФЛ: Вардар гостува на Шкупи, Шкендија го пречекува Пелистер
Со натпреварот Работнички – Академија Пандев, започна третиот круг во ПМФЛ поточно 23 коло.
Екипата на Академија Пандев забележа победа на гостувањето во Скопје, против Работнички со 2:0.
Гостите поведоа  рано, уште во 11-минута кога по уфрлувањето  Марио Крстовски реагираше одлично и ја затресе мрежата на „романтичарите“. Во вториот дел гостите уште еднаш постигнаа гол и тоа преку Велиновски во 77.минута па со конечни 2:0 на крајот заслужено се радуваа на победата.
Останатите пет натпревари од 23.коло во ПМФЛ се играат денес со почеток од 15 часот, а двојките се: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П -СИЛЕКС, ШКУПИ -ВАРДАР, ШКЕНДИЈА -ПЕЛИСТЕР, БОРЕЦ -БЕЛАСИЦА  и СТРУГА ТЛ -РЕНОВА.