четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фејсбук воведува ознаки на објавите за вакцините против коронавирус

Фејсбук воведува ознаки на објавите за вакцините против коронавирус

Фејсбук ќе додава информативни ознаки на објави за вакцините против коронавирус, во рамки на кампањата за борба против дезинформации поврзани со пандемијата.

Извршниот директор на компанијата Марк Цукерберг денес соопшти дека ознаките ќе содржат одредница за „веродостојни информации“ за вакцините од Светската здравствена организација, пренесува АП.

Како што е објаснето, ознаките ќе бидат достапни на англиски и на уште пет јазици, а се најавува дека во наредните недели ќе бидат додадени и други јазици.

Фејсбук ќе додаде и алатка која ќе им помага на корисниците да се вакцинираат така што ќе ги поврзуваат со информации за тоа каде и кога може да се имунизираат.

Фејсбук и Инстаграм беа критикувани дека овозможувале да се шири пропаганда против вакцинација, но и поради спорото отстранување на дезинформации.