Најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, се врати во националниот тим по пауза од скоро пет години. Голгетерот на Милан, кој во октомври ќе наполни 40 години, се најде на списокот на селекторот Џејн Андерсон за мечевите на стартот од квалификациите за СП против Грузија и косовскиот тим, како и за пријателскиот дуел со Естонија .
Ибрахимовиќ се повлече од националниот тим по Европското првенство во 2016 година со 116 натпревари и 62 погодоци.
Враќањето во националниот тим сигурно значи дека Ибрахимовиќ ова лето ќе игра за Шведска на Европското првенство, во група со Шпанија, Полска и Словачка.