Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Д.П.(51) и Г.Д.(42) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
На 05.02.2021 во атар на с.Крушица, светиниколско, пријавените без издадена дозвола од ловно друштво со ловечка пушка, сопственост на трето лице, ловеле дивеч. При извршена контрола, полициски службеници од ОВР Свети Николе во патничко возило „фолксваген шаран“, сопственост на Г.Д., била пронајдена ловечката пушка.