понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Следната недела ќе се одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Следната недела ќе се одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Нема промена во актуелните рестриктивни мерки. Полицискиот час останува да важи од 22 до 5 часот.

Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Оваа мерка треба да остане иста нема да се надополнува. Конкретни резултати се очекуваат до крајот на оваа недела или почеток на следната. Евентуално дополнителни рестрикции доколку треба ќе се разгледуваат на почетокот на следната недела, нагласи министерот.

Тој посочи дека според анализата на бројот на заболени евидентно е дека Македонија е во екот на третиот бран на коронавирусот.

Најнови вести