Набавки на министерството за здравство кои единствено им одат од рака се за лубриканти и кондоми. Додека земјите во светот се трудеа на време да обезбедат што поголеми количини на вакцини за да ги заштити граѓаните од КОВИД-19, македонското министерство за здравство за тоа време склучи три договори за лубриканти и кондоми.
Првиот договор на набавка на лубриканти и кондоми бил склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИКОН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, при што го има објавено на 07.12.2020 година. Набавката била од вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ – 740.450,00 денари.
Вториот договор за набавка на лубриканти и кондоми бил склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за промет и услуги ФАРМАС МН ДООЕЛ Скопје, при што го има објавено и на 07.12.2020, а набавката била од вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ – 475.776,00 денари.
И третиот договор исто така за набавка на лубринканти и кондоми е склучен помеѓу министерството за здравство и Друштво за производство,трговија и услуги САКО ТРАДЕ извоз-увоз ДООЕЛ Велес, оваа набавка е објавена на 10.12.2020 година. А, вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесува 181.389,60 денари.
Вкупна проценета вредност на склучените три договори од период од седми до десетти декември изнесува 1.397.615,60 денари, а
Проценета вредност на набавката со ДДВ изнесува 2.500.000,00 денари.
Власта наместо пари да обезбеди и да ги користи за заштита на граѓаните од КОВИД-19, таа ги троши на лубриканти и кондоми. Поради трошењето на народни пари на непотребни работи во ек на криза здравствена, Европа не додели пари на Македонија од солидарниот фонд, а тоа го обзнани и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако Македонија потрошила само осум милиони евра, а не потрошила 30 милиони евра, тоа значи дека Македонија четири пати помалку се обидела да понуди добри здравствени квалитетни и економски услуги за граѓаните. Македонија требало во март, април, мај, јуни минатата година наместо да дели Владата пакети со салама и макарони да купи 20 амбулантни возила, да купи респиратори, да купи апарати за кислородна поддршка, да направи доопремување и обука на болниците и здравствениот персонал. Да им купи на здравствените работници скафандери, заштитна опрема, но тие сами си ја купуваа за да се заштитат при работа од КОВИД-19“, потсети Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред една недела во едно о своите гостувања во емисии.