четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аријан Адеми: Овој тим може до нешто големо

Аријан Адеми: Овој тим може до нешто големо

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамко Загреб заедно со уште еден соиграч од репрезентацијатата Стефан Ристовски направија сензација.

Ја изненадија Европа со победа од 3-0 над Тотенхем и патуваат во четвртфиналето во УЕФА Лигата на Европа.

По дуелот, капитенот на „модрите“ истакна дека сите верувале во ваков резултат.

Добро одигравме и заслужено победивме. Верувавме во ова уште од првиот натпревар во кој бевме во некој грч. Оваа екипа е подготвена да направи големи работи, а што се тоа големи работи, ќе видиме во иднина. Малку фалеше среќа во второто полувреме, а Орсиќ… тој е маестрален, кога ќе експлодира на противникот му нема спас. Гиневме, не фаќаа грчеви на терен, ама не се откажавме и го дадовме последниот атом енергија. Сега сме фокусирани на ХНЛ, каде чека меч со Горица против која мора да покажеме дека сме подобри и да ја освоиме титулата“, изјави Адеми по мечот.