Невремето што го покри Пекинг со кафено-портокалова боја не беше песок, односно оној што пренесува честички од песок, туку бура од прашина.
Ова може да звучи како незначителна разлика што е важна само за геолозите, но големината на честичките игра голема улога во здравјето на жителите.
Зрната од песок се честички со дијаметар поголем од 0,06 mm, а честичките од прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу, многу подалеку, пренесува Index.hr. Ветерот нема лесно да го дува песокот на растојанија од стотици километри, додека прашината многу полесно ќе се шири низ целиот свет.
Beijing and other parts of northern China hit by biggest sandstorm in 10 years; at least 6 dead, 81 missing in neighboring Mongolia pic.twitter.com/rlJa0stgRf
— BNO News (@BNONews) March 15, 2021
Честички помали од 10 микрометри, а особено оние помали од 2,5 микрометри, претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, бидејќи тие се доволно мали за да завршат во нашите бели дробови.
Кој е главниот виновник?
Што ги предизвикува денешните бури од прашина – дали е тоа природен процес или можеби е резултат на климатските промени? Одговорот е сложен и веројатно е комбинација од неколку фактори, според геологот Мет Телфер од универзитетот Плимут во списанието „Конверзација“.
Во една неодамнешна студија, научниците анализираа до кој степен различните социјални системи во Кина, како и климатските промени, влијаеја на фреквенцијата на бури од прашина во последните 2000 години. Откриле дека зголемувањето на бројот на бури се совпаѓа со зголемувањето на населението и зајакнувањето на циркулацијата на азиските монсуни.
Интересно е што зачестеноста на ваквите бури се зголеми за време на периодот на обилни дождови, бидејќи во тој период населението се развиваше побрзо и се користеше поголема земјоделска површина.
Друг фактор што влијае на појава на бури од прав е од природно потекло. На пример, ретко населената депресија на Бодела во Сахара е најголемиот извор на атмосферска прашина во светот, и покрај неговата скромна големина. Причината за тоа се сувите пустински услови, површините на ситни седименти, како и блиските планини што го насочуваат ветерот во таа област.