Според одредени информации ФИФА ја тргнала забраната за трансфери на Вардар која клубот ја доби поради спорот со Евгениј Новак.
“Денот го започнуваме со позитивни вести. Од ФИФА е стигнат допис дека е симната забраната за трансфери во ФК Вардар.
Преодниот рок е завршен но постои можност во клубот да заиграат играчи на кои последен клуб им е ФК Вардар.
Први на нашата листа се Грне и Тане, кои и онака се дел од Вардар и сега“, стои во краткото соопштение од „Комити“.
Како што гласат правилата, Вардар сега бидејќи не е преоден рок може да ангажира само играчи кои сега се без клуб и на кои последен клуб им бил Вардар.
Тука со своето искуство може да помогнат Бобан Грнчаров и Златко Таневски.