Заев толку често тактизира, денес кажува едно, утре кажува друго, задутре кажува трето и заборава што рекол пред два дена итн. Јас не го сфаќам веќе сериозно, морам да признам, нагласи Владимир Милчин во „Само интервју“.
Милчин додаде дека понудената Влада за национален спас од страна на Заев, така како што тој ја понуди, само едно значи- дека тоа што го понуди не сака да се случи воопшто.
„Меѓутоа да ти нудиш широка коалиција, и пред тоа да каниш една партија да влезе во таа Влада на национален спас и викаш ама лидерот не може, тоа значи дека тоа не го сакаш. Дека тоа го правиш само ради редум“, рече Милчин.
Милчин запраша како Заев толку добро се разбира со Али Ахмети, човекот кој пред некое време го викаше криминалец.
„Не можам да ја разберам изјавата на Заев за влада за национален спас, јас ќе ве земам во власта, да бидете дел од власта, ама вие лидерот да си го смените. Нормално тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбие, ова на Заев значеше еден вид на парада или тотално непромислен предлог“, истакна Милчин.