четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Алушовски: Честитки до моите играчи за напорот и добро завршената работа

Алушовски: Честитки до моите играчи за напорот и добро завршената работа

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја оствари третата победа во СЕХА лигата. Иако имаше проблеми со неколку играчи поради повреда, Алушовски оваа вечер успеа да го извади максимумот од ракометарите кои ги имаше на располагање, па токму поради тоа беше посебно горд и задоволен по победата од 32:27 над Мотор Запорожје, по која Вардар се израмни со девет бода и направи круг од три тима со идентични поени во својата група.

– Успеавме да победиме навистина силен противник и сакам да им честитам на моите играчи за напорот и за добро завршената работа. Одигравме онака како што се договоривме пред натпреварот, па и покрај сите потешкотии во подготовките, успеавме да одиграме солидно. Нападот функционираше одлично, уште еднаш докажавме дека сме добар тим, ги потсетивме сите што значи Вардар. Целта е да продолжиме со прогресот, да ја поправиме формата пред она што следи за нас како тим – изјави Алушовски.