понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед тргна по фудбалер на Вулверхемтон

Манчестер Јунајтед тргна по фудбалер на Вулверхемтон

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед во моментов ги разгледува сите опции за ангажман на нов офанзивен фудбалер во летниот преоден рок.

Примарна цел на Оле Гунар Солскјер ќе биде ангажман на фудбалерот на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.

„Милионерите“ за Санчо бараат 100 милиони фунти, а како што пренесуваат германските медиуми тешко дека од клубот ќе се одлучат да ја намалат оваа цена, посебно ако се земе предвид фактот дека Ерлинг Халанд речиси сигурно ќе го напушти нивниот клуб.

Токму затоа, како што пишува „Сан“ од Јунајтед ги разгледуваат алтернативите за крилната позиција,а меѓу играчите кои ги посакува клубот од „Олд Трафорд“ е и фудбалерот на Вулверхемптон, Педро Нето.

Нето би чинел двојно поевтино од Санчо и за него Манчестер Јунајтед би требало да издвои сума од околу 50 милиони фунти.