Пред шест дена шведскиот селектор Јане Андерсон го објави списокот на играчи за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар, а во него е и Златан Ибрахимовиќ.
Златан (39) се враќа по пет години. Тој ќе и помогне на репрезентацијата во квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар, а потоа и на Европското првенство, пишува Индекс.
Ибрахимовиќ беше прашан од новинарите на повратниот печат за неговото семејство.
Ibrahimovic y su emoción en la conferencia de prensa cuando le preguntaron que piensan sus hijos de su regresó a la selección. pic.twitter.com/ifnzYOlAuz
— Selección Suecia (@seleccionsuecia) March 22, 2021
На напаѓачот на Милан му беше жал што не може да биде со семејството и синот во Шведска. Екипите мора да бидат во карантин пред натпреварите поради пандемијата на коронавирусот.
Потоа следуваа фудбалски теми.