Пратеникот од редовите на ГРОМ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов ги повикува сите претеници уште утре сите заедно во Собранието на Република Македонија да ги изгласаат двете “Ковид” точки, односно помошта за граѓаните и стопанството.
Граѓаните ги плаќаат пратениците да работат во нивни, и во интерес на државата, а не, да лечат лични суети и фрустрации. Се наоѓаме во голема здравствена и економска криза. За првата сѐ уште не набавиле вакцини иако целиот развиен “западен свет” се вакцинира. За економската криза Владата на Р. Македонија има помогнато најмалку во споредба со владите од регионот и ЕУ. Косово кое сѐ уште формално правно не е целосно оформена држава, му помогнало повеќе на сопственото стопанство за разлика од нашата Влада. Помошта е потребна час поскоро. Ги губиме работните места. Го губиме и капиталот кој создава нови работни места, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук претеникот Пренџов.
Ги повикувам сите пратеници уште утре да дојдеме во Собрание и да ја изгласаме помошта кон граѓаните и стопанството. Тргнете ја политиката и политиканството, за човечки судбини се работи. Двете “Ковид” точки да ги изгласаме заедно. За останатите може да дискутираме, се рзбира, кога ќе имате “мнозинство”, пишува Пренџов во својата објава.