четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјани тешко повредени: Во ек на полициски час, со возило излетале од патот кај Автокоманда

Скопјани тешко повредени: Во ек на полициски час, со возило излетале од патот кај Автокоманда

Вчера во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ биле донесени С.Б.(37), Ј.К.(32) и Џ.С.(32), сите од с.Батинци, скопско, кои по кажување на С.Б. со повреди се здобиле откако возило, управувано од Ј.К., во кое сопатници биле С.Б. и Џ.С., на бул.„Киро Глигоров“ во скопската нас.Автокоманда, излетало од коловозот.

Од страна на лекар кај С.Б. и Ј.К. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Џ.С. констатирани се повреди.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.