вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Агим Ибраими: Секогаш со задоволство сум го носел репрезентативниот дрес

Агим Ибраими: Секогаш со задоволство сум го носел репрезентативниот дрес

Агим Ибраими е еден од повратниците фудбалската репрезентација на Македонија по подолга пауза.

Фудбалерот на Кукуш по пет години добива нова шанса да го облече националниот дрес,

„Нормално дека ми е чест што сум повторно во репрезентацијата. Секогаш сум го давал максимумот и со задоволство го носев репрезентативниот дрес, па така ќе биде и сега. Играчите се во добар ритам, имаат минутажа од настапите во своите клубови и тоа треба да се пренесе во овој мартовски циклус. Секој противник треба да го респектираме и да го сфатиме сериозно, а ќе дојдеме до позитивни резултати со карактер, игра според нашиот план, и оставање срце на теренот. И јас сум во добра форма, ќе одговорам на секој предизвик кој ќе ми го постави селекторот Ангеловски“, изјави Ибраими.

„Не верувам дека треба да чувствуваме притисок бидејќи овие квалификации не се новитет за нас. Треба да играме како досега и да се бориме до последен момент. Иако има дополнително повикани играчи, сите сме подготвени за следните предизвици, а тоа најдобро го знае нашиот селектор“, додаке Хасани.