Македонскиот фудбалски репрезентативец Ферхан Хасани е еден од фудбалерите кои повторно добиваат шанса да заиграат во националниот дрес.
„Не верувам дека треба да чуствуваме притисок, затоа што ова не е нешто ново. Треба да продолжиме да играме како што игравме претходно, исто како до сега. Има измени во составот, сите сме подготвени да го дадеме максимумот, селекторот тоа најдобро го знае. Добро е што имаме натпревари со добри репрезентации како што се Романија и Германија, и сето тоа е мотив за успех – изјави Хасани.