Министерот за финансии на Обединетите Арапски Емирати и втор човек во Дубаи, шеикот Хамдан почина на 75 годишна возраст, јавуваат светските медиуми,
Хамдан на министерската функција ја извршувал од 1971 година, а втор човек на Дубаи станал во 2006 година. Тој е брат на актуелниот потпретседател и премиер на Емиратите, Мохамед бин Рашид.
-Ние му припаѓаме на Бог и Него ќе му се вратиме. Драг Боже, имај милост за мојот брат, мојата поддршка и мојот сопатник, напиша на Твитер шеикот Мохамед бин Рашид.
Засега не се познати причините за смртта на шеикот Хамдан.
إنا لله وإنا إليه راجعون … رحمك الله يا أخي وسندي ورفيق دربي.. وأحسن مثواك .. وضعت رحالك عند رب كريم رحيم عظيم .. pic.twitter.com/xAw3rXIwoj
— HH Sheikh Mohammed (@HHShkMohd) March 24, 2021