петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Си ги присвоил парите од гимнастичарски клуб, па излажал дека го ограбиле

Си ги присвоил парите од гимнастичарски клуб, па излажал дека го ограбиле

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд во Неготино против 22-годишен жител на Неготино за сторени кривични дела  Затајување од член 239 став 3 во врска со став 1 и Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 7 декември 2020 година противправно за себе присвоил подвижни предмети – пари во износ од 75.800 денари кои му биле доверени нему, како лице вработено во оштетеното правно лице.

Тој бил вработен како касиер за исплата на добивки во  гимнастичарски клуб „Соколи тим“ од Неготино.

Следниот ден, на 8 декември 2020 година во 9:30 часот, обвинетиот во полициска станица во Неготино лажно пријавил, иако знаел дека кривичното дело не е сторено,  дека врз него две непознати лица извршиле разбојништво,  му одзеле парични средства во висина од 75,800 денари кои биле во сопственост на правното лице и му нанеле телеси повреди.​