На 24.03.2021 во 23:40 часот од полициски службеници од Полициска станица Сопот во с.Лојане, бил пронајден повреден А.Р., мигрант од Авганистан.
Според негово кажување, тој со повредите се здобил откако бил физички нападнат на територијата на Р.Србија.
Лицето е пренесено во Општа болница Куманово за укажување на понатамошна лекарска помош.