Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, истакна дека власта се однесува како да има 90 пратеници, а Собранието е тотално неефикасно, а за излез од ова потребни се избори и нова власт.
-Власта продолжува да се однесува како да има 90 пратеници, носи закони без консултации и со опозицијата, како овој за попис без да прифати ниту еден амандман, продолжува со политичкиот прогон спрема претставници на опозицијата и организира разно разни оневозможувања и наштетувања на опозицијата, а од исто време бара соработка и конструктивност, вели Димовски.
Според него, овој парламент е тотално неефикасен и како што кажа неколку наврати претходно не може да се очекува стабилен мандат и владеење од оваа власт.
Според Димовски, единствен излез од целата ситуација во која западна Македонија и однесувањето на власта кое предизборно сите оние работи кои ги вети не ги исполни е експертска влада зад која ќе застанат што е можно поголем број на пратеници и организирање на парламентарни избори заедно со локалните избори.
-Тоа е единствен спас за да се одглават институциите, секој обид за било подметнувања нема да дадат резултат, на Македонија и треба нова власт, посочи тој.